Argan Oil – Традиционално Мароканско Арганово Масло – Сјај, Обнова и Заштита за Сите Типови Коса
Откријте ја тајната на совршената коса со нашето Традиционално мароканско арганово масло – мултифункционален третман за сите типови коса. Инспирирано од древните марокански ритуали за убавина, ова масло моментално враќа сјај, сила и мекост на вашата коса, без да ја отежнува или мрси.
Зошто ќе го засака вашата коса?
Ултра-лесната формула природно се апсорбира за само неколку минути, без мрсен слој – само здрава, витална и негувана коса која блеска. Идеално за секојдневна употреба и погодно за права, брановидна, кадрава, обоена или хемиски третирана коса.
Клучни бенефити:
- Обнова и регенерација на оштетена коса
- Моментален сјај и свиленкаста мекост
- Превенција на расцветани врвови
- Заштита и продолжување на интензитетот на бојата
- Контрола на фризот и непослушната коса
- Има УВ заштита (SPF 8), ја штити косата од морска сол
- Поттикнување волумен и дефинирање на кадрици
- Лесна и немасна текстура – не ја отежнува косата
- Олеснува чешлање и обликување
- Идеално и за перики и екстензии
Без:
Сулфати (SLS, SLES), парабени, алкохол, DEA и PEG.
Подарете ѝ на вашата коса автентична мароканска грижа и почувствувајте ја разликата со чистото арганово масло!
Начин на употреба: На чиста, измиена коса со Argan Oil – Шампон за нега на коса, просушена со пешкир ставете од 3 до 5 капки (во зависност од должината и густината на косата) во дланките и добро протријте ги, а потоа од дланките нанесете го маслото по ЦЕЛАТА должина на косата (не само на врвовите) и тоа се додека имате на дланките. Потоа исчешлајте ја косата и почнете со фенирање, сушење или оставете ја природно да се исуши. Оваа постапка се повторува по секое миење и не се плакне.
Совет за безбедно боење на коса со Argan Oil
Додадете од 2 до 3 капки во фарбата за коса и добро промешајте ја целата смеса. Со само 3 капки од аргановото масло ќе ја заштитите косата од оштетување, ќе го подобрите интензитетот на бојата и ќе го зголемите сјајот на секое влакно поединечно. Можете да додавате во сите видови на боја за коса и избелувачи.
Совет плус:
За најдобри резултати, користете го редовно – косата ќе добие природен сјај, ќе биде посилна и поздраво ќе изгледа.
Reviews
There are no reviews yet.